Ахмети: На располагање сум на Специјалниот суд да ја докажам искреноста на ослободителната војна на Албанците против геноцидот на Милошевиќ
Лидерот на ДУИ штотуку на Фејсбук објави дека на покана на Специјалното обвинителство на Косово е поканет како сведок во Специјалниот суд во Хаг.
– Владеењето на правото и постигнувањето на вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност. Затоа, би сакал да ве известам дека Специјалното обвинителство на Косово, како еден од основачите на УЧК и член на генералниот штаб, ме покани како сведок и без двоумење ја прифатив поканата и воспоставив конструктивен и кооперативен контакт со службените лица во Хаг.
Отсекогаш сум бил поддржувач на неселективната правда и јас сум на располагање на правосудството да ја докажам искреноста на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ – напиша Ахмети.