На собир со жителите од Општина Сарај, претседателот на ДУИ, Али Ахмети го промовира кандидатот за првиот премиер Албанец, Насер Зибери на парламентарните избори кои ќе е одржат на 15 јули ова година. Во говорот хмети истакнал дека и регионот се тресе поради една идеја бидејќи две недели во континуитет се зборува во домашните медиуми но и на тие од регионот.
– Денес ми поставија прашање новинарите, зошто сега е идејата за премиер Албанец? Им одговорив, зошто не сега! Повелете, одговорете ми сега мене. Дали заштитници на ова земја се само Зоран и Христијан, но не и Насер? Ако ги отвориме подобро документите, подобро да не ја отвораме ова тема затоа што не се знае кој ќе биде староседелец. Ме разочараа затоа што се брзаа и негираа дека не може да стане Албанец премиер во ова држава, навистина се разочарав, сѐ уште не се сменети, сѐ уште имаат предрасуди дека само тие се сопственици на ова држава. Тие се млади и јас ќе ги потсетам да ги прашаат нивните предци кои беа вклучени во политиката, како поминале со математиката и со нас Албанците. Овие прашања не се играчка и ние со чувствата на граѓаните, особено на Албанците не се шегуваме. Зошто толку многу се брзаа ова е разочарувачки, наместо да ја поздравуваат, ова е храбра, корисна идеја не само за земјата туку и за регионот и за Европа затоа што придонесува во движењето на лојалноста на Албанците кон државата. Ова држава има потреба од лојалност на сите страни, особено на двете поголеми заедници кои живеат тука и се носители на одговорноста на албанскиот и македонскиот интегритетот и суверенитет – рече Ахмети.
Тој меѓу другото рече дека мисијата и идеалите се незаменливи и затоа според него имало многу можности да излезе кандидат од партиските редови, но целта била да се даде порака дека Албанците се единствени.
– Ние застанавме зади идејата и идеите се бесмртни, тие можат да се напаѓаат за одредено време, може да не триумфираат од разните напади, но нема сила што може да ги порази. Ние, идејата ја предложивме 2009 година и топката пукна после единаесет години, во 2020 година. Ние сакавме кандидат Албанец кој што е докажан, кој имал искуство како што е кандидатот Насер Зибери, кој бил дел од државните институции. Ние навистина бевме за консензуален претседател, како и оваа идеја, ја поставивме тука и ја реализиравме. Но, овој претседател кој се натпреваруваше пред пет години не победи, но сега кога се натпреваруваше на избори со нашата поддршка победи и сега е на таа функција. Сакавме да дадеме порака за нашите сограѓани дека оваа земја оди напред обединета. 15 јули не е далеку, а на 16 јули, кој сака да разговара ние сме тука, повелете – порача Ахмети.