Ахмети му врачи признание на Ален Ле Роа

Амбасадорот Ле Роа е поранешен специјален претставник на ЕУ, во исклучително важен период за нашата држава, почетокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, напиша на Фејсбук Бујар Османи.

351

На маргините на Преспа форумот за дијалог, признание на Министерството за надворешни работи доби поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа, по повод 30-годишнината на независноста на Република Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот ФБ профил.

„Амбасадорот Ле Роа е поранешен специјален претставник на ЕУ, во исклучително важен период за нашата држава, почетокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Признанието за неговата улога му го предаде Али Ахмети“, напиша шефот на дипломатијата Османи на неговиот ФБ.

Поврзани содржини