Лидерот на ДУИ Али Ахмети откако вчера објави дека е поканет од Специјалното обвинителство на Косово да сведочи во Специјалниот суд во Хаг, денеска ја промени насловната фотографија на Фејсбук.
Сега ако се оди на профилот на Ахмети на Фејсбук неговата фотографија е од воените денови кога лидерот на ДУИ меѓу соборците беше познат под воениот прекар командант Абаз.
Тој вчера информира дека од Специјалното обвинителство на Косово е поканет како еден од основачите на УЧК и член на генералштабот и дека без двоумење прифатил да сведочи.
– Отсекогаш сум бил поддржувач на неселективната правда и јас сум на располагање на правосудството да ја докажам искреноста на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ – напиша Ахмети на Фејсбук.