АХМЕТИ И ЌУЧУК БАРААТ РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ СО БУГАРИЈА Процесот да се затвори без одложувања
Али Ахмети и бугарскиот европратеник Илхан Ќучук сметаат дека „целиот процес треба да се затвори без одложувања, бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија“, соопшти ДУИ.
Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше тема на разговорот меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, соопшти прес-службата на партијата.
Што е можно поскоро треба да се надмине овој спор, бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност. Двајцата соговорници разговарале и за можноста за одредување датум за првата Меѓувладина конференција во наредните месеци и за почеток на преговорите за членство на почетокот на 2022 година.
Целиот процес треба да се затвори без одложувања, бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од друга страна во голема мера би влијаел на безбедноста на земјата и на регионот, оцениле Ахмети и Ќучук.