АХМЕТИ ГИ НАВРЕДУВАШЕ АЛБАНЦИТЕ, ПА ЗАВРШИ ВО ПРЕГРАТКАТА НА АПАСИЕВ Левица стана „сламката за спас“ на НАИ, порача Вреди

Кандидатот на НАИ за Струга, Арсим Далипи, кој вети дека ќе се повлече ако има само еден глас помалку од Менди Ќура, а потоа јавно излажа, денес е во отворена коалиција со партијата на Апасиев, соопштени Вреди.

549

По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети – симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците, почна со „загари“, заврши со „Газиместан“, соопшти Вреди.

„Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби. Победите на Вреди во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и во Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и во Долнени целосно го разобличија лажниот патриотизам на тројката во агонија – Ахмети, Таравари и Села. И ете каде завршија, во прегратка со проруската и анти-НАТО партија Левица. Тоа е сламката за спас на Али Ахмети, Зијадин Села и на Арбен Таравари“, соопшти Вреди.






Кандидатот на НАИ за Струга, Арсим Далипи, кој вети дека ќе се повлече ако има само еден глас помалку од Менди Ќура, а потоа јавно излажа, денес е во отворена коалиција со партијата на Апасиев, се додава во соопштението.

„Вреди одамна укажа на состанокот меѓу емисарот на Али Ахмети, Кренар Лога, и Димитар Апасиев, како дел од планот за нанесување штета на независниот кандидат поддржан од Вреди во првиот круг. Денес сè е на виделина. Арсим Далипи, со „референдумот“ во рака и со „националната кауза“ во уста, заедно со „патриотите“ Таравари и Села, најдобро докажуваат дека нивната кауза никогаш не била албанска, затоа што оној што се здружува со Левица, им го врти грбот на НАТО, на Западот и на самите Албанци“, соопшти коалицијата Вреди.

Поврзани содржини