АХМЕТИ ДА ЗАПРЕ СО ЗАКАНИТЕ Владата му порача дека помина времето на политичка шизофренија

438

Али Ахмети да не се крие зад националистичката реторика бидејќи тоа е безидејна политичка злоупотреба а владата ја отфрла ваквата реторика на закани и ултиматуми од првиот интегративец откако лидерот на ДУИ вчера се закани дека доколку поранешниот функционер Крешник Бектеши биде обвинет ќе излезат на улица и ќе останат таму, а ќе бараат и предвремени парламентарни избори.

„Владата ја отфрла реториката на закани и ултиматуми изразена од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Затскривањето зад национализмот е груба и безидејна злоупотреба на политички пензионираниот и поразен боксер кој и понатаму сонува за времето кога партнер му беше Заев, односно СДСМ, а страдаше државата. Ваква политичка шизофренија може само да и текне на ДУИ“, се наведува во соопштението на Владата за ТВ 24.






Ахмети вчера порача дека доколку екс министерот за економија заврши на обвинителна клупа, ќе повика на протести и ќе ги поддржи проптестите на семејставата на загинатите во Кочани.

– Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејставта на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат несeлективна прaвда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори. Ако се чепне албанскиот јазик ДУИ ќе ги бојкотира локалните избори, кои без ДУИ не можат да успеат, по што државата ќе биде во политичка криза која ќе мора да заврши со избори – истакна Ахмети.

Поврзани содржини