АХМЕТИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ, ВРЕДИ Е ВТОРАТА ПОЛИТИЧКА СИЛА ВО МАКЕДОНИЈА Признајте го поразот, заврши молкот, повика Бакиу

Бидејќи нашите политички противници изјавија дека критериум за проценка на победникот ќе биде победникот во Чаир, со победата на Изет Меџити, но и со големата предност од околу 4.000 гласови во Тетово, Вреди е апсолутен победник на овие избори, рече Башким Бакиу од Вреди.

416

Врз основа на бројот на освоени општини и на општините во кои одиме во втор круг, политички победник на овие избори е коалицијата Вреди и ние сме втората политичка сила во Македонија, изјави Башким Бакиу од Вреди попладнево на прес-конференција на која присуствуваа лидерите на четирите политички субјекти во оваа коалиција.

Како што рече, Вреди е победник во 5 општини во првиот круг, во 6 оди во вториот круг. Победници сме победници за градоначалник и за советници во трката за градот Скопје, рече тој.






– Убедливо победивме уште во првиот круг во Чаир, Арачиново, Сарај, Желино, Теарце, додека како победници одиме во втор круг во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Долнени, а во Брвеница ќе бидеме во трка како втори. За жал, во општините Гостивар и Врапчиште не е постигнат потребниот цензус според одредбите на Изборниот законик, па за епилогот од процесот во овие 2 општини ќе се изјасни Државната изборна комисија – рече Бакиу кој на изборите беше кандидат за градоначалник на Скопје од Вреди.

Посочи дека нивниот опонент, Националната алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ, победила во Пласница и во Липково, а оди во втор круг во Струга, Кичево и во Боговиње. Во Општина Чашка, рече, Вреди воопшто не учествуваше.

– Трката таму се водеше под логото на НАИ, таму немавме свој кандидат и листа за да не ја загрозиме победата на кандидатот Албанец. Му честитаме на господинот Суад Шаќири и на Албанците во овој регион – рече Бакиу.

Тој ѝ порача на ДУИ дека треба да се реформира, а на лидерот Али Ахмети да се повлече од лидерската позиција. Ги потсети и дека треба да го признаат изборниот пораз.

– Бидејќи нашите политички противници изјавија дека критериум за проценка на победникот ќе биде победникот во Чаир, со победата на Изет Меџити, но и со големата предност од околу 4.000 гласови во Тетово, Вреди е апсолутен победник на овие избори. Граѓаните докажаа дека ги прифатиле политиките на Вреди и нашата изборна понуда. Ја делегитимиравме фрустрираната и навредливата политика на нашите противници. Ова е причина и албанската опозиција да се реформира, а господинот Ахмети да го фати моментот за повлекување. Сакаме да ги потсетиме раководителите на НАИ дека изборниот молк заврши во сабота, би било добро да излезат и да го признаат изборниот пораз – порача Бакиу.

Оценката на Вреди за изборите вчера е дека поминале во фер и во демократска атмосфера, во која секој граѓанин слободно можеше да ја изрази својата политичка волја.

– Тоа е заслуга на Државната изборна комисија, организатор на изборите, но и на безбедносните органи и на оваа владина гарнитура, кои обезбедија изборниот процес да помине без ниту еден инцидент, можеби единствен случај на ваква организација во нашата земја. Ова зборува за демократската зрелост на државата и на граѓаните, за што сакаме посебно да им честитаме и заблагодариме – додаде претставникот на Вреди.

Поврзани содржини