АХ, ТИЕ БЕБИЊА, ЧОВЕК НЕ МОЖЕ ДА СЕРВИРА! Бебешки плач го прекина мечот на Австралија опен

Видеото од моментот собра повеќе од два милиони прегледи на Тик-Ток и го покрена прашањето дали е во ред да се носат бебиња и мали деца на тениски натпревари, каде што се очекува тишина особено за време на клучните моменти.

72

Мечот помеѓу Италијанците Јаник Синер и Лучано Дардери на Австралија Опен во Мелбурн беше накратко прекинат поради неочекувано нарушување.

Додека Дардери се подготвуваше да сервира, беше прекинат од гласен плач на бебе. Арената „Маргарет Корт“ инаку беше тивка во тој момент, објавува „Њујорк пост“.






Дардери ја потапка топката на подот неколку пати, ја фрли нагоре за сервис, но мораше да се откаже и да ја фати кога бебето повторно заплака. Тој погледна кон трибините, видливо изненаден, што предизвика смеа и аплауз од навивачите.

Дебата на социјалните медиуми

Видеото од моментот собра повеќе од два милиони прегледи на Тик-Ток и го покрена прашањето дали е во ред да се носат бебиња и мали деца на тениски натпревари, каде што се очекува тишина за време на бодувањето.

Повеќе за ова, како и видеото од овој момент, можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини