АГУЕРО ИМА СРЦЕВА АРИТМИЈА Се чувствува добро, но од тимот ќе отсуствува подолг период

Аргентинецот тешко дишеше во синоќешниот меч од шпанското првенство против Алавес (1-1), поради што го напушти теренот во 41. минута.

673

Фудбалскиот клуб Барселона ги објави резултатите од тестовите кои му беа направени на Серхио Агуеро.  Аргентинецот тешко дишеше во синоќешниот меч од шпанското првенство против Алавес (1-1), поради што го напушти теренот во 41. минута. Агуеро ноќта ја мина во болница.

Резултатите од денешните прегледи покажале дека Агуеро има срцева аритмија. Клубот соопшти дека Агуеро се чувствува добро и дека ја разбира ситуацијата во која се наоѓа. Искусниот напаѓач ќе отсуствува од тимот во наредниот период.






Аргентинецот, во летниот преоден рок, како слободен играч се пресели во Барселона, откако по десет години го напушти Манчестер сити. Тој дебитираше за Барселона пред две недели, по проблемите со повреда на мускулот.

Поврзани содржини