Агро-бизнис заедницата ги чувуствува последиците од коронавирусот

Компаниите кои се жалат и на негативни влијанија врз човечките ресурси, сепак уверуваат дека храна ќе има доволно.

438

Состојбата со коронавирусот влијаеше и на Агро-бизнисот, а како што велат од Комората првичните последици се намалена потрошувачка, пад на бројот на нарачки, како и спречувањето во реализација на договореното.

Компаниите кои се жалат и на негативни влијанија врз човечките ресурси, сепак уверуваат дека храна ќе има доволно.






– Штети има, но тие се уште не може да се согледаат зашто ситуацијата се менува секојдневно. Неблагодарно е сега да даваме некакви прогнози, особено зашто се надеваме на минорни ефекти. Воедно очекуваме надлежните да направат сериозна анализа, да утврдат колкави се трошоците на бизнисот и соодветно да интервенираат, рече на денешната прес-конференција потретседателот на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски додава дека државата не треба да прави ништо посебно, туку само да го следи примерот на развиените земји во Европа и така да реагира.

Инаку на денешната прес-конференција беа презентирани препораките и потребните агротехнички мерки за успешна пролетна сеидба, каква е актуелната состојба на терен и колку е важно користењето квалитетен семенски материјал за поголеми приноси.

– Во пресрет на пролетната сеидба се врши финална обработка на површините и на неопходното ѓубрење. Кога темпераутрата на земјата ќе биде 8 до 9 степени, може да се почне со сеидба на сончогледот, а за пченката треба да биде 12 степени. Раната сеидба дава добри предуслови за подобра жетва, рече претседателот на Комората, Огнен Оровчанец.

Тој додаде дека извозот може дополнително да се зголеми доколку се зголемуваат производи со зголемена додадена вредност. Сепак, Оровчанец се пожали дека во земјата повеќе од 30 години нема соодветна акредитирана лабораторија согласно „ISTA“, со која ќе се регулира квалитетот на семенскиот материјал.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Сојузот на стопански комори (ССК), Закон за семе и саден материјал постои уште од 2006 година, но целосно е парализиран. Иако бил еден од најдборите, сменет е многу пати, обременет е со 150 контрадикторни правилници, а предвидува и високи казни, 8.000 евра за физички и 50.000 евра за правни лица.

– По изборите чекаме да ни се дозволи тука, кај нас, да пакуваме семе, наместо тоа да го правиме во соседните земји. Некој во законските измени заборавил да го стави овој член, но не ги заборавил казните. Сега, пред избори, поддршка имаме и од власта и од опозицијата, па ќе видиме, рече претседателот на Агро бизнис комората при ССК, Огнен Оровчанец.

Заменикот Горан Ѓорѓиевски се осврнат и на можностите за производство и извозот од земјава, како и на задржувањето на активното население со зголемување на домашното производство.

– Имаме недостаток од квалификуван кадар. Потребно е дореформирање на образованието за потребите на стопанството. Квантумот на човечките ресурси што излегуваат од средните стручни училишта од каде што сме заинтересирани да апсорбираме кадри е многу мал, а ваквите кадри полесно наоѓаат работа и се подобро платени, истакна Ѓоргиевски.

Инаку, земјоделството е значајна стопанска гранка во нашата земја, и во 2019 година, во БПД-то заедно со шумарството и рибарството учествува со 11 проценти, а околу 20 посто од населението се занимава со оваа дејност.

Поврзани содржини