Agnus dei

После ваквиот ќор-сокак. ништо чудно Заев да почне да глуми патриот и да ги почне подготовките за нови вонредни избори на кој ќе се расфрла со својот патриотизам.

1,670
Знаете ли која ќе биде реакцијата на премиерот Зоран Заев и на неговите министри после блокадата од Бугарија?





Најпрвин, ќе почнат да глумат жртви и маченици.А знаете ли зошто?Затоа што позицијата на жртва е баеѓи лагодна позиција и ја елиминира секоја рационална распрва за било каква одговорност за неуспехот.
Сега Заев, ќе се обиде да оди по принципот: За успехот сум заслужен јас, а за неуспехот сме одговорни сите ние.
Арно ама, тој принцип треба да гласи вака: За успехот сме заслужни сите ние, а за неуспехот е одговорен првиот човек.
И како второ: ќе се нафрлат на опозицијата и ќе ја обвинат неа дека си гледала сеир.
Како и да е, ако Заев сакаше да ја сподели одговорноста за така големо прашање уште после изборите требаше на една поширока платформа да побара „широка коалиција“. Во тој случај, повторно, евентуалниот успех ќе беше негов, а за неуспехот ќе можеше да ја обвини опозицијата.
После ваквиот ќор-сокак. ништо чудно Заев да почне да глуми патриот и да ги почне подготовките за нови вонредни избори на кој ќе се расфрла со својот патриотизам.
Патриотизмот, пак, од секогаш бил последното прибежиште на најголемите неранимајковци.
Поврзани содржини