Јагнињата од Дебар ќе се изнесуваат со конвои

466

Јагнињата од Дебар ќе бидат изнесени  со возачи за кои ќе биде издадена посебна дозвола или со заштитен конвој на камиони, согласно протоколите на Министерството за здравство што се применуваат и за другите производствени капацитети на ова подрачје, одлучи Владата на денешната седница.

Опција за јагнињата од Дебар, градот кој е под карантин, е и изнесување преку штафетен утовар и истовар.






Претседателот на одгледувачите на овци „Даши“, Скендер Аме, пред три дена за МИА изјави дека околу 8.000 јагниња во Дебар, Центар Жупа и околните села – Могорче, Косоврасти и Отишани, се „заглавени“ поради карантинот и не може да бидат преземени од кланичарите. 

Поврзани содржини