ЈАГМА ЗА СТЕНБЕНИ КРЕДИТИ Забележен годишен раст од 16,1 отсто
Автомобилските кредити не се интересни многу кај граѓаните. Во овој сегмент на кредитирање е забележан годишен пад од 16,9 отсто.
Раст на штедните влогови и на кредитите , покажуваат податоците на Народната банка кои се однесуваат на септември.
Според податоците на централната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 8,3 отсто, додека растот кај кредитите изнесува 6,3 отсто.
Податоците покажуваат и дека депозитите на домаќинствата имале поголем раст од оние на бизнисите иако во двете категории е забележан раст.
Статистиката на Народната банка покажува дека домаќинствата во септември земале повеќе кредити од бизнисите иако во двата сектора е забележан раст.
Кај граѓаните доминираат станбените кредити со раст од 16,1 отсто на годишноп ниво. Месечниот раст за септември кај овие кредити изнесува 1,5 отсто. Потрошувачките кредити, пак, забележаа годишен раст од 6,2 отсто.
Кај автомобилските кредити, во септемврие забележан раст од 2,4 отсто на месечно ниво, но на годишно ниво се продалабочува негативниот тренд кој во септемви изнесува 16,9 отсто. Намалување од 10,9 на годишна основа има и кај кредитите одобрени на кредитни картички. Сепак, негативните салда на тековните сметки бележат нагорна линија и тие на годишна основа пораснаа за 3,0 отсто.
Во септември, кај кредитите одобрени врз други основи е остварено годишно намалување од 29,3 отсто.