Почина аргентинската легенда Марадона
Тој е најдобриот фудбалер на 20 век со гласање на официјалната веб-страница на ФИФА. Најдобриот фудбалер на Светското првенство, според Тајмс (Англија). Второто место меѓу најдобрите играчи во историјата на фудбалот според списанието „Плакар“ (Бразил) од 1999 година. Второто место меѓу најдобрите играчи на 20 век според најреномираните списанија.
Почина легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона. Тој починал утрово во неговиот дом во градот Тигре по срцев удар.
Марадона (60) се опоравуваше од операцијата за церебрално крварење.
Иако операцијата била успешна, според докторот што го лекувал, за време на престојот во болницата поранешниот фудбалер имал проблеми со воздржаност од алкохол. Првично беше примен на клиниката со симптоми на депресија, анемија и дехидратација.
На 11 ноември бил пуштен од болница.
Тој е најдобриот фудбалер на 20 век со гласање на официјалната веб-страница на ФИФА. Најдобриот фудбалер на Светското првенство, според Тајмс (Англија). Второто место меѓу најдобрите играчи во историјата на фудбалот според списанието „Плакар“ (Бразил) од 1999 година. Второто место меѓу најдобрите играчи на 20 век според најреномираните списанија.
Претходно, националната телевизија на Аргентина објави дека Марадона е жив, но дека е во критична состојба.