Министерството за култура денеска преку соопштение,најостро реагира на соопштението на Агенцијата за филм, дистрибуирано до медиумите вчера, од страна на нивната ПР агенција „ Навигаторс“.
-Со цел објективно информирање на јавноста, потенцираме дека во наведеното соопштение Агенцијата за филм незаконски го користи логото на Министерството за култура – Сектор за управен и инспекциски надзор. Воедно, со соопштението јавноста е донесена во заблуда, бидејќи иницира дека содржината на истото е подготвена и проследена во соработка и со согласност на Министерството за култура, -се посочува во соопштението.
Воедно, се наведува дека Министерството за култура, односно Секторот за управен и инспекциски надзор, не е орган кој наложува запирање на истрага која е предмет на работата на друг надлежен орган – Државната комисија за спречување на корупцијата.
– Информираме дека Секторот за управен и инспекциски надзор, Записникот од извршен вонреден инспекциски надзор со наод на утврдената фактичка состојба во Агенцијата за филм го достави до Државната комисија за спречување на корупцијата на натамошно постапување согласно нивните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси – се вели во соопштението од Министерството за култура.
Во спорното соопштение на Агенцијата за фил се вели дека Инспекцискиот надзор на Министерството за култура што постапуваше по пријавите од страна на Милчо Манчевски, за наводен конфликт на интереси во Агенцијата за филм, како и на нејзиниот директор Горјан Тозија, констатирал дека се неосновани. Државниот Управен инспекторат ќе даде предлог Антикорупциска да ја стопира истрагата, се вели воо соопштението.
Аганецијата за филм спомнува и написи во некои македонски медиуми, кои, како што се вели во соопштението, „во континуитет го дискредитираат угледот на Агенцијата за филм, како и на рецензентите Ана Василевска, Бранко Петровски“.