АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА СТАНА ДЕЛ ОД РЕСОРНОТО МИНИСТЕРСТВО Министерката Сања Божиновска ги презеде надлежностите и вработените 

Агенцијата и нејзиниот управен одбор престанува со работа, односно се укинува, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното министерство.

702

Дарио Николовски досегашниот директор на Агенцијата за енергетика формално ги предаде надлежностите на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.

Со овој чин, Агенцијата и нејзиниот управен одбор престанува со работа, односно се укинува, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното министерство.






Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот,  се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. 

Поврзани содржини