Агенцијата на Лидија Димова купила два автомобили, вредни околу 90 илјади евра

4,325

Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која деновиве е најповикана за скандалите со делење на пари за фризерница и тренирање на магаре, очигледно не штедела и на автомобили, пишува весникот Вечер.

Агенцијата за време на нејзиното директорување набавила два автомобили во вредност од речиси 90.000 евра, според базата на отворени податоци.






Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во 2018 година, Агенцијата набавила фолксваген пасат во вредност од 45.327 како и фолксваген тигуан во вредност од 43.576 евра.

Поврзани содржини