АГЕЛЕР ПАК ПРЕДУПРЕДИ ЗА КОРУПЦИЈАТА Вели дека таа отсекогаш е најголемиот проблем за Македонија
Лажна вест е дека може да се репреговара за Договорот за добрососедство со Бугарија и дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле, изјави американската амбасадорка во интервју за Канал 5.
Корупцијата продолжува да биде еден, ако не е најголем предизвик со кој се соочува оваа земја. Беше и кога бев тука порано. Искрено, има системски проблем уште од независноста пред 31 година. Затоа не можеме да обвиниме само една Влада или институција, истакна амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
– Тоа е одговорност на судството и на секоја Влада и да бидеме искрени кон граѓаните, корупцијата не се случува сама од себе. Не можам само јас да бидат корумпирана. Тоа е производ на одлуки на поединци, на граѓани и официјални лица. Искрено се надевам на вистинска промена – потенцира Агелер.
Таа додаде дека евроинтегративниот процес ги адресира токму овие прашања и оти тоа ќе биде од огромна помош.
Американската амбасадорка за изјавите на одделни политичари дека може повторно да се преговара за Договорот за добрососедство со Бугарија, потсети дека Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од Скопје за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница.
– Тоа е лажна вест. Исто така лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле. Амбасадорот на ЕУ овде во Скопје Гир, но и Брисел беа многу јасно дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да биде заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија. Тоа е местото каде што се можностите за економски раст, образование, социјала, трговија и многу други можности постојат. И навистина искрено за надевам дека тие ќе ги направат тешки одлуки, вели Агелер. – истакна Агелер.
Во врска со перспективата на односите со Бугарија, амбасадорката Агелер истакна дека е важно да се знае оти и двајцата, новиот премиер и претходниот премиер, покажале намери дека сакаат да ја видат оваа земја како дел од ЕУ.
– И ги држам за збор, но од моја перспектива важно е што оваа земја и нејзиното раководство прават сега, а не што се случува во Софија. Разбирам дека постојат потешкотии, но преговорите помеѓу С Македонија и Бугарија се од билатерален карактер и мораат да бидат – рече Агелер.
Таа призна дека кога заминувала од Скопје во 2013 година, ако и кажеле дека земјата ќе го промени името со цел да се зачлени во НАТО, немала да поверувам дека тоа е возможно.