„ЏАГАТАЈ КАБЛО“ ГО ПРОШИРУВА ПРОИЗВОДСТВОТО Ќе гради нов погон во Скопје вреден 6 милиони евра

„Џагатај Кабло“ произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

83

Турската компанија Џагатај Кабло која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1 ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство со изградба на нов објект од околу 10 000 квадрати, што ќе донесе нови 200 вработувања.

Оваа нова фабрика, како што соопштија од дирекцијата на ТИРЗ, ќе биде двојно поголема од постоечката и освен што ќе отвори нови работни места, ќе донесе и нови технологии.






Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес во Истанбул ја посети компанијата и оствари средба со Ахмет Шемшетин Короглу, претседател на одборот.

Димовски, на средбата, посочи дека оваа инвестиција, која беше најавена во јули минатата година, е доказ за довербата на странските инвеститори во стабилната економска клима и поддршката што ја нуди државата.

Од страна на менаџментот беше изразена благодарност за поддршката од Дирекцијата, како еден од клучните фактори за проширувањето на оваа инвестиција која ќе донесе додадена вредност во националната економија.

„Џагатај Кабло“ произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

Поврзани содржини