АФРИМ ГАШИ ЌЕ ДОБИЕ ТУЖБА ОД ЛЕВИЦА Претседателот на Собранието нема да мине со претставка, порача Крмов
Новото мнозинство има високи очекувања од „колега“ кој не зел збор во Собранието на Република Македонија, а тоа му било работа - додаде Крмов.
Африм Гаши заедно со Мерита Коџаџику, нема да добијат од нас претставка, ќе добијат тужба! И тоа ќе му биде прва тужба како претседател на Собрание. Значи, уште не беше верификуван, ќе добие тужба – истакна пратеникот Крмов во гостувањето во „24 Анализа“ на ТВ 24.
– Ние од Левица на Талат Џафери му имаме пуштено 11 кривични. Колку кривични ВМРО-ДПМНЕ му има пуштено на Талат? Нула – истакна Крмов.
Пратеникот Борислав Крмов се осврна кон Африм Гаши во контекст на тоа дека во четиригодишниот мандат, Гаши не зел ниту збор.
– Тие имаат високи очекувања од „колега“ кој не зел збор во Собранието на Република Македонија, а тоа му било работа – додаде Крмов.
Пратеникот Крмов го потенцираше и моментот на изречената изјава од страна на Гаши прво на албански јазик, со што е прекршен Уставот, а за кое од ВМРО-ДПМНЕ молчеа и сè уште молчат.