АФРИКАНСКИ БРАН ВО ШПАНИЈА Рекордни 47,4 степени во Кордоба

Топлотниот бран што ја зафати Шпанија продолжува и оваа недела со температури во неколку провинции што се над 45 степени Целзиусови.

336

Топлотниот бран што ја погоди Шпанија вчера резултираше со соборување на апсолутниот температурен рекорд во оваа земја, со 47,4 степени Целзиусови измерени во градот Монтор во јужната провинција Кордоба, соопшти денеска државната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).

„Ова е највисоката температура некогаш регистрирана во Шпанија“, изјави портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, истакнувајќи дека тоа се привремени податоци што ќе бидат потврдени во наредните денови.






Температурата, што беше регистрирана во саботата во 17 часот по локално време, е повисока од претходниот рекорд на истото место на 13 јули 2017 година – 46,9 степени Целзиусови.

Топлотниот бран што ја зафати Шпанија продолжува и оваа недела со температури во неколку провинции што се над 45 степени Целзиусови.

Поврзани содржини