ЏАФЕРИ ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА Пратениците ќе гласаат в четврток

Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата.

887

Во Собранието е доставено барање за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија и истата е архивирана од надлежните служби, информира попладнево кабинетот на спикерот Талат Џафери.  

„Претседателот на Собранието,  Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11 часот,  Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата.






За сите чекори и процедури, како и досега, претставниците на медиумите ќе бидат информирани преку надлежните служби во Собранието“, се вели во информацијата.  

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, АА и Алтератива, Беса и Левица денеска поднесоа Иницијатива за гласање недоверба на Владата. Иницијатива, како што соопшти Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, ја потпишале 61 пратеник.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претходно рече дека ќе го причекаат премиерот Зоран Заев да ја депонира најавената оставка, но откако тоа не се случи, иницијативата за гласање доверба на Владата попладнево е поднесена во Собранието

Поврзани содржини