Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре во 11 часот ја закажа седницата со единствена точка на дневен ред – утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието.
Заев денеска за ТВ21 рече дека предлог-програмата и составот на новата Влада ќе го достави до Собранието откако ќе биде утврден бројот на потпретседатели како и назначувањето на новите пратеници.
– Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во парламентот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до парламентот – рече Заев.