Џафери за можното пробивање на рокот за одложување на пописот: Така е кога се прави крчма без крчмар
Самите преговарачи кажаа дека можеби е грешка што не сум бил присутен на тие разговори и последиците од тајмингот не се моја одговорност, ниту на Собранието. Ние не може да работиме по политички одлуки туку според процедури.
Законот за одложување на пописот и Изборниот закон се очекува денеска да влезат во собраниска процедура, но дали ќе се пробие законскиот рок за одложување на пописот кој требаше да почне утре, односно дали ќе се свика седница не зависи од претседателот на Собранието туку од процедурите. Така е кога се прави крчма без крчмар, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на прашање што доклолку се пробие рокот за одложување на пописот.
– Самите преговарачи кажаа дека можеби е грешка што не сум бил присутен на тие разговори и последиците од тајмингот не се моја одговорност, ниту на Собранието. Ние не може да работиме по политички одлуки туку според процедури. Законот за попис ќе дојде денеска во Собранието, ќе се изгласа по скратена попстапка и ќе оди на комисија. Според предлогот, тој оди на Комисијата за европски прашања, максимално може да биде на дебата два дена. Крчма без крчмар кога се прави ќе дојдеме во цајтнот – рече Џафери на паузата од вонредната координација со шефовите на пратеничките групи за динамиката на работата на Собранието.
Тој рече дека ги добил двата закона и дека од формален аспект ги вратил до предлагачите и се надева дека во текот на денот со исправки и доплнувања ќе ги вратат во Собрание за тие да се пуштат во соодветна парламентарна процедура.
– Законот за попис и Изборниот законик имаат формални пропусти. Од Владата информираат дека ќе го дополнат и ќе го вратат И изборниот законик е вратен до партениците за да се доуреди. Се надевам дека на продолжението на координацијата ќе ја имаме динамиката како ќе се одвива работата на Собранието – рече Џафери.
Тој ги поздрави, како што вели, сите напори кои политички се направени деновиве и одлуките кои се за одблокирање на работата на Собранието.
– Го поздравувам и фактот дека е признаено дека во сите тие работи и средби требало да биде присутен и претседателот на Собранието. Досега се свиани 36 седници, недовршени се 21, бидејќи се блокирани со амандмани, дел закони не се поминати по комисии и дел чекаат само гласање. Дел од пратениците беа инфицирани од ковид-19, и кога сум тука, за жал и собраниската служба не беше имуна и од минатата недела меѓу нас не е повеќе уште еден службеник кој ја изгуби битката со ковид-19 и на семејството на Мане му изразувам сочуство – рече претседателот на Собранието.
Тој повика пратениците да се издигнат над партиските интереси поради последиците кои Собранието ги чувствува од ковид-19. Тој информира дека за пратениците нема потреба од приоритет за вакцинирање бидејќи и тие се дел од граѓаните па според динамиката така ќе се постапи и со нив и со службата.