Џафери в среда ќе пресече за потпретседателите, ќе се менува ли Законот за Собрание и Деловникот?

Според Законот за Собрание, потпретседателот од најголемата опозициска партија, во случајов ВМРО-ДПМНЕ е и претседател на Советот на собранискиот канал. Според Законот за Собрание и собранискиот Деловникот, наголемата опозициска партија (ВМРО-ДПМНЕ) делегира потпретседател на Собранието.Еден од потпретседателите на собранието раководи со Буџетскиот совет на собранието, а еден потпретседател е надлежен за локалните канцеларии на пратениците.

641

Координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Јован Митрески и Никола Мицевски во среда написмено ќе треба да му потврдат на претседателот на Собранието Талат Џафери дека нема да предложат потпретседатели на Парламентот. Собраниски извори за Плусинфо потврдуваат дека Џафери в среда ја закажал координативнат средба со шефовите на парламентарните групи за конечно да пресече колку потпретседатели ќе има Собранието, откако опозицијата и јавноста бурно реагираше на предлогот на претседателот парламентот да има пет потпретседатели.

Доколку се расчистат дилемите дали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат на најавите дека се откажуваат од потпретседателската функција, тогаш уште следната недела можно е да продолжи пленарната седница за избор на потпретседатели на Собранието. Паралелно со ова за следната недела се најавува и дека Собранието ќе ги избере и членовите на работните тела за Парламентот конечно да може да профункционира.






Но, се отвора дилемата како Џафери ќе ја изменаџира целата ситуација ако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се откажат од потпретседателските функции, односно дали ќе треба да се менуваат Законот за Собрание и собранискиот Деловник.

Според Законот за Собрание, потпретседателот од најголемата опозициска партија, во случајов ВМРО-ДПМНЕ е и претседател на Советот на собранискиот канал. Според Законот за Собрание и собранискиот Деловникот, најголемата опозициска партија (ВМРО-ДПМНЕ) делегира потпретседател на Собранието. Еден од потпретседателите на Собранието раководи со Буџетскиот совет на Собранието, а еден потпретседател е надлежен за локалните канцеларии на пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ остануваат на позициите дека нема да предложат потпретседатели. Засега нема одговор дали Собранието ќе има тројца потпретседатели и од кои парламентарни партии. Од СДСМ велат дека остануваат на позицијата ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже тогаш ниту СДСМ со коалицијата нема да номинираат потпретседател.

За екипирањето на работните тела на Собранието, пак, од кабинетот на Џафери информираат:

– Седницата за формирање на собраниските тела ќе биде закажана во моментот кога политичките партии ќе достават предлог. До овој момент таков предлог не е доставен од ниедна партија. Штом ќе биде доставен, претседателот ќе може да свика седница.

Со по осум работни тела ќе раководи СДСМ и коалицијата, со осум ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ со три и две за Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Поврзани содржини