Џафери синоќа го потпишал решението за избори на 15 јули

253

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа го потпишал решението според кое предвремените избори за пратеници ќе се одржат на 15 јули годинава.

„Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот“, соопшти утрово Џафери.






Тој известува дека имаме нова ситуација поради тоа што епидемијата со ковид-19 го одложи спроведувањето на предвремените парламентарни избори претходно закажани за 12-ти април 2020.

Политичките лидери во Република Северна Македонија вчера постигнаа договор за закажување на нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата е 15-ти јули 2020.

„Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните“, додава Џафери.

 

Поврзани содржини