Џафери сè уште не го известил Пендаровски дека Собранието е конституирано

Од ДУИ, партијата на Џафери, пренесува Канал 5, истакнале дека без известување дека Собранието е конституирано не може да броиме денови до доделување на мандатот. 

974

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, си уште не испратил до претседателот на државата Стево Пендаровски известување дека Собранието е констиуирано, а на прашањето на Канал 5 зошто тоа не е направено и дали ова значи дека рокот за мандатот сè уште не е почнат, од Кабинетот на Џафери не бил испратен никаков одговор.

Но, од ДУИ, партијата на Џафери, пренесува Канал 5, истакнале дека без известување дека Собранието е конституирано не може да броиме денови до доделување на мандатот.






Од кабинетот на Пендаровски не се согласуваат со ваквото толкување. Оттаму потврдуваат дека до Вила Водно досега не е пристигнато ништо од Собранието. Но, и покрај ова Пендаровски веќе од средата брои 10 дена до чинот на доделување на мандатот.

Од кај шефот на државата потсетуваат на ставот даден по конститутивната седница.

„Кабинетот на претседателот го очекува дописот од претседавачот Талат Џафери со кој ќе информира дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на ден 4 август 2020 година. Без разлика на дописот, согласно уставните норми, роковите за доделување на мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието течат од 5 август 2020.“

Поврзани содржини