ЏАФЕРИ СЕ ОДНЕСУВА КАКО КОМАНДАНТ Силјановска рече интерпелацијата е за неговото недолично однесување

Во однос на свикување на комисијата од страна на претседателот на комисијата Панчо Минов на која треба да се утврди повреда на Етичкиот кодекс од Џафери, Силјановска Давкова потенцираше дека наместо да се свика веднаш комисија се обидуваат да се заташка целиот случај и не верува дека воопшто ќе биде процесуирано, бидејќи како што нагласи работат во парламент којшто не е школа на демократијата.

381

Не е прв пат да сме затворени, вели универзитетската професорка и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител по вчерашниот настан во Собранието кога беа затворени во собраниската сала од страна на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери и додаде дека во салата во тој момент биле присутни само пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и неколкумина од СДСМ, но не и пратениците од ДУИ.

– Интерпелацијата не е само за вчерашното однесување, туку за континуираното однесување на Џафери. Впрочем, ова не е прва интерпелација и никој не ни верува кога ќе кажеме дека сме поднеле интерпелација и дека завршила во неговата фиока. Не ми е јасен одговорот на кабинетот и нема што кабинетот да комуницира со нас, јасно беше дека вчера претседателот се однесуваше како командант – кажа Силјановска Давкова.






Силјановска Давкова додаде дека ова не е прв пат да се поднесе интерпелација од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ но, како што рече никој не знае каде завршиле овие интерпелации.

– Никој не знае каде завршиле интерпелациите – рече Силјановска Давкова.

Во однос на свикување на комисијата од страна на претседателот на комисијата Панчо Минов на која треба да се утврди повреда на Етичкиот кодекс од Џафери, Силјановска Давкова потенцираше дека наместо да се свика веднаш комисија се обидуваат да се заташка целиот случај и не верува дека воопшто ќе биде процесуирано, бидејќи како што нагласи работат во парламент којшто не е школа на демократијата.

– Наместо веднаш да биде закажана веднаш комисијата од страна на Панчо Минов и таму нешто се случува. Се разбира дека тоа е природниот пат, зошто, бидејќи ќе се види дека она што го тврдам јас дека работиме во парламент којшто не е школа на демократијата и затоа не верувам дека и ова ќе биде процесуирано – изјави таа.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во моментот во собранието има активна и пасивна блокада, активна во која учествува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која на седниците дискутира стручно, и пасивна во која се пратениците од владејачкото мнозинство коишто се привилегирани и кои се појавуваат само на полноќ за гласање за кои рече дека таа ги нарекла неформален Дом на лордовите.

– Ако забележавте вчера и сите граѓани можат да видат, што значи активна а што пасивна блокада. Можат граѓаните да ги видат нашите говори и да видат дали зборувавме за законот за сметководствени услуги, политички или навистина зборувавме стручно и компетентно, тоа е активна блокада. Што значи пасивна блокада? Тоа значи дека во парламентот има една привилегирана група на пратеници која исклучиво се појавува на гласање. Многу од нив не се членови на ниту една комисија, делегација и јас ги нареков нели неформален Дом на лордовите, и обично доаѓаат на полноќ пред гласање – изјави Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека законските решенија коишто се во интерес на граѓаните ќе бидат прифатени и изгласани од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Не сме ние тие коишто кочиме, напротив рековме дека добрите закони, законите коишто се во интерес на граѓаните, ќе ги поддржиме – потенцираше таа.

Во однос на законот за сметководствени услуги Силјановска Давкова вели дека истиот не е добар бидејќи и самата Комора на сметководители преку одржување на прес-конференција пред собранието го посочила истото како и дека и покрај тоа што власта ги слушнала нивните предлози истите не ги вклучиле во предлозите на законот.

– Вчера дискутиравме за сметководителите бидејќи по тој закон се организираше јавна расправа, и секој кој ќе чуе ќе рече па тоа е демократски чекор во парламентот, но јавната расправа се организираше еден ден откако заврши рокот за пријавување амандмани. Меѓутоа фамозниот претседател на најфамозната комисија рече дека нема проблем, и замислете навистина 16 амандмани поминаа. Но, 60 амандмани да прифатеа тој закон немаше да биде добар. Зошто? Затоа што на таа јавна расправа ние ги чувме ставовите на сметководителите, згора на тоа пред нашиот дом одржаа прес протестирајќи против лошиот закон. Ги поканиле на расправа ги изразиле своите ставови, си заминале, рекоа дека тоа било инклузивен процес ама во предлозите ги немаше нивните предлози – нагласи Силјановска Давкова.

Поврзани содржини