Џафери: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде на дневен ред на Собрание, ако ги исполнува условите

Првиот човек на Собранието рече дека Собранието сѐ уште не ја добило Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ со црвените линии.

740

Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ со црвените линии ќе се најде на дневен ред во Парламентот само доколку ги исполнува условите.

Џафери рече дека сѐ уште ја нема примено резолуцијата, поради што не сака да зборува за неофицијален документ.






– Основ за мене е тоа што ќе го примам во соодветна процедура како официјален документ, а не во медиуми. За мене официјално е кога ќе го добијам на маса, и според Деловникот ќе дадам став  – рече Џафери во емисија на ТВ 24.

Поврзани содржини