Џафери: Прво ќе се тестирам за корона па ќе закажам седница, да се тестираат сите пратеници за здрави да влезат во Собрание!

2,492

Експретседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе се тестира за коронавирус и до крајот на уставниот рок, кој е на 4 август, најави дека ќе ја свика конститутивната седница за новиот парламентарен состав. Тој за Плусинфо вели дека ќе предложи сите пратеници кои вчера на парламентарните избори освоиле мандат да се тестираат на коронавирус за здрави да влезат во Собранието.

– Секако дека во уставно предвидениот рок ќе ја свикам конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Но, денеска прво ќе одам да се тестирам, оти по целата кампања и контакти со многу лица прво треба да проверам дали сум негативен на коронавирусот. Ова ќе го препорачам да го сторат и сите кандидати за пратеници кои на парламентарните избори освоија мандат. После толку внимавање и преземени мерки за изборите да се одржат во најдобар ред, добро би било пратениците здрави да влезат во Собранието. По ова ќе оставам десетина дена за консулатција со партиите кои освоија пратенички мандати за да се договориме за конститутивната седница. Ќе видиме како ни одговара на сите, бидејќи кон крајот на јули е Курбан Бајрам, а потоа е 2 Август, дали идните пратеници ќе сакаат да ја закажеме конститутивната седница пред или по празниците. Во секој случај крајниот рок да ја закажам конститутивната седница е 4 август и тоа нема да го пропуштам – изјави Џафери за Плусинфо.






Експретседателот на Собранието, според Уставот има 20 дена рок да ја закаже конститутивната седница. Доколку во тој рок не ја закаже седницата, тоа според Уставот, има право да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.

Поврзани содржини