Џафери: Опозициските партии блокираат 28 закони во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ блокираат шест, АА и Алтернатива 21, а Левица еден закон, вели претседателот на Собранието Талат Џафери.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии СДСМ Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и разговорите меѓу Заев и лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши.
Според анализата на спикерот, ВМРО-ДПМНЕ блокираат шест, АА и Алтернатива 21, а Левица еден закон.
Џафери не го оспорува нивното право да делуваат како опозиција и врз основа на тоа тој не ја спори нивната политичка одлука во рамки на демократското однесување. Тој сепак посочува на членот 29 од Деловникот за работа на Собранието каде е наведено дека пратеникот има „право и должност“ да присуствува на седниците. Џафери ја потенцира должноста на пратениците да бидат на седница, но и самиот посочува дека нема инструмент како да ги присили да бидат на седница. Според него, опозициските пратеници ја злоупотребуваат состојбата со пандемијата и нивни болни пратеници и ги напуштаат седниците.