ЏАФЕРИ НИТУ Е СПРЕЧЕН, НИТУ Е ОТСУТЕН Апасиев му дава еден час на собранискиот спикер да се врати и да ја води седницата
Доколку ги прочитате член 60 и член 61 од Деловникот, тогаш ќе забележите дека претседателот на Собранието може да им ја предаде одговорноста на потпретседателите само доколку тој лично е спречен или е оправдано отсутен. Но, ние видовме дека Талат Џафери денеска ниту е спречен, ниту е отсутен, рече пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.
Ние денеска сите го видовме собранискиот спикер Талат Џафери дека е присутен во собраниската сала, а тоа значи дека ниту е спречен, ниту е отсутен за да не може да ја води собраниската седница, рече пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, кој побара нова пауза од еден час за да може Џафери да се врати и да ја води седницата за изгласување недоверба на владата.
Апасиев се повика на Деловникот на Собранието, кој предвидува само две ситуации кога спикерот би можел да ја напушти седницата и да им ја отстапи својата обврска на потпретседателите.
– Деловникот на Собранието познава две ситуации кога собранискиот спикер би можел да ги повика потпретседателите на Собранието да ја водат седницата наместо него. Па така, доколку ги прочитате член 60 и член 61 од Деловникот, тогаш ќе забележите дека претседателот на Собранието може да им ја предаде одговорноста на потпретседателите само доколку тој лично е спречен или е оправдано отсутен. Но, ние видовме дека Талат Џафери денеска ниту е спречен, ниту е отсутен. Тој сè уште е присутен во собраниската зграда. Поради тоа, бараме пауза од еден час, а во тоа време очекуваме претседателот на Собранието повторно да влезе во собраниската сала и да ја води седницата за изгласување недоверба на владата – рече Апасиев.
Откако собранискиот спикер ја напушти седницата која почна со присуство од 61 пратеник, вклучувајќи го и спикерот кој и самиот е пратеник, практично настана ситуација која може да се протолкува како обид за „уставен пуч“.
Ова за Плусинфо го искоментира добар познавач на работата на Собранието и на Уставот.
– Седницата на Собрабнието почна согласно со член 69 од Уставот, бидејќи имаше мнозинство од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието Талат Џафери исто така е пратеник. Сите видовме дека тој ја отвори седницата, дека не е спречен или отсутен. Според тоа, тој е должен да ја води седницата – вели нашиот извор.
Целата мешаница настана откако пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, кој претходно се потпиша во Иницијативата за гласање недоверба на владата, денеска одлучи да не се појави на седницата и да не гласа за пад на власта. Со тоа, иницијаторите останаа без потребниот кворум од најмалку 61 пратеник, а со одлуката на Џафери да ја напушти седницата, бројот на присутни пратеници во парламентот се спушти на 60.