Џафери: Немам дилема, ќе се вакцинирам против ковид-19

266

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека нема дилеми околу тоа дали ќе се вакцинира против коронавирусот.

Тој порача дека ќе се вакцинира, поради тоа што, како што рече, смета дека е добра порака до граѓаните, поготово што дадени се позитивни научни препораки засновани на темелна проценка на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на вакцините од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), но и по поддршката од сите земји-членки.






Џафери додаде дека не е добро да се прави негативна кампања насочена кон вакцината.

Поврзани содржини