Џафери не верува на изјави, бара писмен доказ од Заев и од Мицкоски
Претседателот на Собраниетовели дека едно е лидерите популистички да изјавуваат дека не им треба потпретседателската функција во Собранието, кога се знае дека според собранискиот Деловник најголемата опозициска партија делегира потпретседател на Парламентот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе бара од лидерите на парламентарните партии документ дека се откажуваат од потпретседателската функција во Парламентот. Ова ќе значи дека лидерите на парламентарните партии Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Зијадин Села … ќе треба написмено да му достават на Џафери дали сакаат да имаат потпретседател на Собранието.
Тој за Плусинфо вели дека едно е лидерите популистички да изјавуваат дека не им треба потпретседателската функција во Собранието, кога се знае дека според собранискиот Деловник најголемата опозициска партија делегира потпретседател на Парламентот.
Џафери барањето за писмен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се откажуваат од потпретседател на Собранието го најави откако Парламентот ја усвои одлуката дека ќе има 5 потпретседатели, а ова предизвика лавина реакции од најголемата опозициска партија, но и од јавноста. ВМРО-ДПМНЕ јавно кажа дека нема да предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието со образложение дека тоа е непотребен трошок.
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев изјави дека тие ќе се откажат од потпретседател ако ВМРО-ДПМНЕ го стори тоа.
– Мене не ми требаат потпретседатели, туку на Собранието. Ако не предложат не ми наштетуваат мене туку на функционирањето на Парламентот. Според Деловниокот, најголемата опозициска партија делегира потпретседател на Собранието. Тоа се популистички изјави. Ќе барам писмено парламентарните партии да се изјаснат дали сакаат потпретседател на Парламентот. Потоа ќе донесеме одлука колку потпретседатели ќе има Собранието – ни изјави Џафери.