ЏАФЕРИ НЕ МУ СЕ ИЗВИНИЛ НА БИСЛИМОВСКИ ЗА ФИЗИЧКИОТ НАПАД Регулаторната комисија го демантира министерот Бектеши
Од Регулаторната комисија за Дојче веле го демантираат министерот Крешник Бектеши и велат дека не е точно дека Аријанит Џафери му се извинил на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Сопственикот на фирмата „У Пауер“, Аријанит Џафери, не му се извинил за физичкиот напад на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска пред медиумите тврдеше дека му се извиниле на Бислимовски за нападот кој се случи во вторникот пред полноќ во еден ресторан во скопско Дебар Маало.
Од Регулаторната комисија за Дојче веле го демантираат Бектеши и велат дека тоа не е точно.
Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ, Муса Џафери, вчера заработи кривична пријава за насилство, а тој самиот се јавил на разговор во полициската станица во Кисела Вода и во целост го признал делото.
Премиерот Зоран Заев денеска го осуди инцидентот, оценувајќи го како „недозволиво, чин на кривично дело“.
– Го осудувам ваквиот настан, затоа што е директен напад врз независно регулаторно тело, кое што е важно за државата, како и сите институции. Се надевам дека лицето брзо ќе биде процесуирано пред правдата – рече Заев.