ЏАФЕРИ НЕ ЈА ДОБИЛ ОСТАВКАТА НА ФИЛИПЧЕ Опозицијата бара Владата да ја испрати оставката на министерот

Предлогот за оставка треба да се достави до Собранието. Јас немам добиено такво нешто. Ако има таков материјал, веднаш сум должен да го доставам до вас. Што да доставам кога јас ништо не сум добил, рече Џафери.

1,217

Претседателот на Собранието Талат Џафери за барањето на ВМРО-ДПМНЕ прва точка на собраниската седница да биде одлуката за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче рече дека досега од Владата нема добиено никаква оставка и дека затоа нема за што да се расправа.

На прозивката од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, тој да има поголема совест од премиерот Зоран Заев и одлуката да ја стави на гласање, Џафери одговори дека како претседател на Собранието не може да се раководи според совеста, туку според процедурите, Утсавот и собранискиот деловник.






– Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлог за разрешување одлучува Собранието на првата наредна седница. Доколку претседателот разреши 1/3 од членовите на Владата од првобитниот состав, тогаш Собранието одлучува како за нова влада. Уставот пишува за изричита надлежност на премиерот, а не на пратеници. Претседателот на владата членови на владата може да поднесат оставки. Предлогот за оставка треба да се достави до Собранието. Јас немам добиено такво нешто. Ако има таков материјал, веднаш сум должен да го доставам до вас. Што да доставам кога јас ништо не сум добил – рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски побара еден час пауза, а за тоа време побара од Владата да ја испрати оставката на Филипче, за да може пратениците да ја констатираат.

Џафери му одговори дека и да стигне оставката, веќе е отворена нова седница, и дека нема на неа нрма да се расправа за оставката.

Поврзани содржини