ЏАФЕРИ МУ РЕФЕРИРА НА ЗАЕВ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА Премиерот е поканет во Собранието
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го повика претседателот на Владата, Зоран Заев, лично да го информира за поставеното прашање за доверба на Владата и за понатамошните деловнички чекори - велат од СДСМ.
Талат Џафери, собранискиот спикер го повикал премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во Собранието, велат од СДСМ за 360 степени.
Претходно, имаше информација дека тој се наоѓа во парламентот на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
– Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го повика претседателот на Владата, Зоран Заев, лично да го информира за поставеното прашање за доверба на Владата и за понатамошните деловнички чекори – велат од СДСМ.
Џафери ја закажа седницата за доверба на Владата в четврток во 11 часот.
Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој посочи дека во Собранието се доставени потписи од вкупно 61 пратеник денеска рече дека премиерот Зоран Заев не ја поднесе оставката што ја најави пред цели осум дена, па партијата поднела иницијатива за гласање доверба на владата.
– Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе резултати во претходните 5 години, туку напротив, наместо да го сочува достоинството на државата, таа секојдневно ги изневеруваше граѓаните. Останувањето на оваа влада при таков изборен резултат на локалните избори ќе значи само продолжување на политичката криза, надополнета со економската криза и со кризата со пандемијата. Државата треба да излезе од постојаната криза, да се понудат решенија за предизвиците. Време е поделбите да престанат, ѕидовите во општеството да се срушат. Изминатите 5 години се доказ дека оваа влада владее со конфликти. Не се грижат ниту за народот ниту за државата. Поради сето ова, бараме Собранието да гласа за доверба на владата – истакна Николоски на денешната прес-конференција.
Тој рече дека иницијатаивата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Беса и на Левица.