Џафери: Мене лично не ми требаат пет потпретседатели

Петте потпретседатели не се моја желба, потреба или волја, посочи собранискиот спикер.

580

Мене лично не ми се потребни пет потпретседатели, но потребни му се на Собранието, истакна собранискиот спикер Талат Џафери на денешната седница за избор на новата влада.

– Ако нема кој да го замени претседателот, тогаш работата на Собранието ќе биде прекината. Такви состојби не се посакувани, но постојат шанси да ни се случат. Петте потпретседатели не се моја желба, потреба или волја. Јас немам потреба од пет заменици, туку станува збор за структурна поставеност – рече Џафери.

 

Поврзани содржини