ЏАФЕРИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ЗА СМРТТА НА НОВИНАРОТ ПЕНДАРОВ „Тој беше скапоценост за демократијата на нашата земја“
Убеден дека споменот за неговиот лик, неговата позитивност и силна волја за живот ќе живее вечно низ ходниците на собраниската зграда, се вели во телеграмата од собранискиот спикер.
„Длабоко ме погоди веста за ненадејното и засекогаш заминување во вечноста на нашиот драг и долгогодишен соработник, почитуван новинар, политички аналитичар, и над сè, наш стар и омилен пријател, Тодор Пендаров“, наведува во телеграма претседателот на Собранието Талат Џафери изразувајќи сочувство за смртта на долгогодишниот новинар Пендаров, кој почина синоќа во Скопје.
„Изразувам искрено сочувство од свое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на собраниската служба, убеден дека споменот за неговиот лик, неговата позитивност и силна волја за живот ќе живее вечно низ ходниците на собраниската зграда. Неговата професионалност и богатото искуство од долгиот и мултидимензионален стручен развој, беше вистински придонес во функционалноста на законодавниот дом, меѓутоа претставуваше и скапоценост за демократскиот развој на нашата земја“, посочува Џафери.
Тој упати искрено сочувство до семејството, познаниците, пријателите и неговите соработници.