ЏАФЕРИ ГО ДИСКРИМИНИРАЛ АПАСИЕВ Антидискриминаторската комисија бара спикерот да почитува Устав и Деловник

1,011

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека претседателот на Собранието Талат Џафери извршил директна дискриминација врз пратеникот Димитар Апасиев, кој беше иницијатор на граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање потписи за распишување дополнителен референдум за собраниските заклучоци од т.н. „француски предлог“, објави Република.

Комисијата постапувала по претставка поднесена од Апасиев и оценила дека пратеникот од Левица бил ограничен во остварување на своето политичко право, односно со него се постапувало понеповолно во однос на други лица кои се јавуваат во исто својство, како подносители на граѓански иницијативи.






„Подносителот на претставката тврди дека врз него е сторена дискриминација со тоа што бил ставен во понеповолна положба од останатите граѓани од страна на Џафери во рамки на постапка по предлог барање за поведување на граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво на целата тероторија на Републиката до Собранието“, пишува во образложението на Комисијата која препорачува Џафери во иднина да се воздржи од дискриминација и да ги почитува правата и обврските што произлегуваат од Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание.

 

Поврзани содржини