Џафери ги разбрка пратениците кои дошле да го условуваат: Фатете се за работа!

Укажав дека внесување такво правило е ризично за функционирањето на Собранието и понатаму, не само во овој мандат. Зошто? Затоа што се воспоставува пракса на условување на точките на дневен ред. Вакви услови нема да прифатам зашто се спротивни на Деловникот и на моите убедувања, изјави Џафери.

1,647

Утрешната седница на Собранието се одлага на неопределен рок сѐ додека не се создадат услови за работа, соопшти денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, кој свика прес конференција откако ја прекина координацијата со пратеничките групи кои го условувале за да обезбедат кворум.

Џафери обвини дека опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците. Двајца од пратениците на мнозинството се изолирани и спречени физички да учествуваат на 36. седница на Собранието. Тој рече дека ќе почека до четврток кога едниот од пратениците кој е изолиран ќе биде ослободен од изолацијата.






– Јас сум душевно загрижен за здравствената состојба во која се наоѓаме. Прва реакција од ВМРО-ДПМНЕ која согледувајќи ја состојбата понуди решение кое за жал, е спротивно на Деловникот, е од предвидените 30 точки на дневен ред да се одржат 1, 9, 10 и 11, а другите точки да се тргнат од дневен ред. Укажав дека тоа е спротивно на Деловникот, дневниот ред не е слободна волја на Собранието. Укажав дека внесување такво правило е ризично за функционирањето на Собранието и понатаму, не само во овој мандат. Зошто? Затоа што се воспоставува пракса на условување на точките на дневен ред. Вакви услови нема да прифатам зашто се спротивни на Деловникот и на моите убедувања – изјави Џафери.

На дневен ред на утрешната седница беа закажани интерпелации на двајца министри.

– Од денеска натаму нема да ризикувам да свикувам седница на која ќе дојдат 60 пратеници од мнозинството, а друга група пратеници ќе дојдат да условуваат за да направат кворум. Затоа начинот на свикување на седници ќе се смени согласно здравствената состојба на пратениците во следните денови. Ултимативните аспекти не се решение за работата на Собранието. Апелирам до пратениците да се потпрат на разумот, а не на теснопартиските одлуки. Апелирам до пратениците да се вратат на разговор, дека се овде во име на граѓаните. Она што произлегува од законите е во корист на граѓаните на Македонија, а не за оние кои гласале за мнозинството а не гласале за опозицијата – рече Џафери.

Според него, ова однесување и оваа состојба не им оди во прилог ниту на граѓаните ниту на државата.

– Апелот е да се вратат на работа, да ги засукаат ракавите и да работат тоа за што се платени – порача претседателот на Собранието.

Во врска со илјадниците амандмани од албанската опозиција Алијанса на Албанците и Алтернатива, тој објасни:

– Ултиматумот е кога ќе помине Законот за државјанство тогаш да се одблокираат точките. Според нив, секоја наредна точка на дневен ред ќе биде блокирана, тоа самите го кажаа на прес конференција. Ова е игра за теснопартиски интереси од сите страни без исклучок. Затоа сум обврзан утре да го одложам одржувањето на пленарната седница.

 

 

Поврзани содржини