Џафери ги повика кичевци да ја поддржат идејата за премиер Албанец

255

Носителот на листата на ДУИ во петтата изборна единица Талат Џафери денеска беше во посета на Кичево, придружуван од Авни Рустеми претседател на форумот на млади и предедателката на огранокот на ДУИ, Ардита Дани.






Џафери пред младите членови и симпатизери на оваа партија попладнево на градскиот плоштад рече дека реална е можноста Северна Македонија да има премиер Aлбанец, бидејќи во изминатиот период на високи раководни фунцкии во државата биле поставувани Aлбанци.

– Како најдобар пример е градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари, кој во неговото раководење ги третира сите граѓани на Кичево подеднакво. И јас како преседател на Собранието докажав и преку мојата работа дека ги третирам сите граѓани во земјата подеднакво, така и идејата на Али Ахмети за функцијата премиер Aлбанец, јас сум убеден дека вие во Кичево како модел за соживот ќе ја поддржите.  Гледаќи ве вас во толкав број и покрај пандемијата, јас сум уште повеќе убеден во нашата победа на 15 јули – рече Џафери.

Тој пред граѓаните се обрати и на македонски и на албански јазик

Поврзани содржини