Џафери ги пофали европратениците, но им кажа и за разочараноста во ЕУ

Претседателот Џафери ја искажа личната и колективната разочараност од одложувањето на датумот за почеток на прговори на Република Северна Македонија со Европската унија.

177

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Брисел имаше средба со пратениците од Европскиот парламент, Андрас Шидер, Илхан Ќучук и Марион Валсман на која со соговорниците се осврнаа на евроинтеграциите на Македонија, тековните активности во Собранието како и на идните активности поврзани со Жан Моне дијалогот.

Како што соопштија од собраниската прес – служба, Џафери се осврна на одличната организација на Самитот на претседатели на парламенти и можноста лично да се слушне гледиштето на сите засегнати страни за новата методологија на преговори со ЕУ, очекувањата од земјите аспиранти за членство, како и можноста да се остварат билатерални средби меѓу панданите.






– Претседателот Џафери ја искажа личната и колективната разочараност од одложувањето на датумот за почеток на прговори на Република Северна Македонија со Европската унија. Претседателот Џафери ги информираше европратениците за тековниот статус и напредокот кој што е постигна во процесот на усогласување на измените и дополнувањњата на Деловникот на Собранието и очекувањата од усолгасувањето на мислењата на политичките партии на следната рунда на дијалогот – се наведува во соопштението.

Пратениците од Европскиот парламент, пак, се додава, подвлекоа дека и покрај пандемијата комуникацијата меѓу Собранието и пратениците од Европскиот парламент не е прекината; одржана е виртуелна средба со европратениците на која присуствуваа координаторите на политичките партии во Собранието, што е показател дека одлуките кои што се носат преку Жан Моне дијалогот се носат со консензус.

Тројцата пратеници ја изразија безрезервната поддршка и надеж за отворање на преговорите со ЕУ, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини