ЏАФЕРИ Е ШАМПИОН ВО КРШЕЊЕ НА УСТАВОТ Според Стојаноска власта бега од соочување со народот

Не се работи за менување на меѓународен договор, референдумското прашање е дали сте за престанок на важењето на договор со Бугарија - рече на вечерашната прес, конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

230

Талат Џафери противправно си ја додели улогата на уставен судија, кажа на вечерашната прес-конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

Според неа, власта бега од соочување со народот затоа што знаат дека ќа има излезност на референдумот и знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата.






– Џафери е шампион во кршење на Уставот за што не постои друг пример во светот. Иницијативата за референдум е во согласност со членот 24 од Законот за референдум и не е во спротивност на Уставот, а тој член дозволува распишување на рефендуми – децидна е Стојаноска.

Таа потенцираше дека ова дополнително ќе ги заостри односите во собранието за што виновна ќе биде власта.

– Не се работи за менување на меѓународен договор, референдумското прашање е дали сте за престанок на важењето на договор со Бугарија – рече на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.

Инаку, попладнево Претседателот на собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањее на договорот со Бугарија.

Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународноте договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

Поврзани содржини