ЏАФЕРИ ЧЕКА ОФИЦИЈАЛЕН ДОКУМЕНТ ЗА ИТНА СЕДНИЦА Потоа ќе одлучи дали Собранието ќе расправа за разрешување на Филипче и на Хасани

Досега официјално немаат доставено барање за свикување на итна седница. Затоа ќе нема став од претседателот на Собранието Џафери. Како и до сега претседателот Џафери не коментира политички изјави до моментот додека барањето не биде и официјално доставено-велат од Собранието.

2,419

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се произнесе за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и на заменикот Илир Хасани откако опозициската партија барањето и официјално ќе го достави до Парламентот, велат од Собранието.

Досега официјално немаат доставено барање за свикување на итна седница. Затоа ќе нема став од претседателот на Собранието Џафери. Како и до сега претседателот Џафери не коментира политички изјави до моментот додека барањето не биде и официјално доставено-велат од Собранието.






Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе иницијатива за свикување итна седница на Собранието со две точки на дневен ред – Одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и Одлука за разрешување на заменикот министер за здравство Илир Хасани.

– Нашето прашање до собраниското мнозинство и до Владата е уште колку луѓе треба живи да изгорат како пациенти за да се понесе политичка и објективна одговорност за ваквата трагедија којашто е резултат на неодговорноста на власта? – рече тој.

Милошоски потсети дека во Романија пред 5 дена се случи пожар во болница со загубени 5 човечки животи.

ВМРО-ДПМНЕ очекува претседателот на Собранието согласно членовите 67 и 68 да ја закаже седницата на Собранието во рок пократок од 10 дена, бидејќи смета дека оваа состојба е од итен карактер и треба итно да се разреши.

Опозициската партија веднаш по пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица побара Собранието да расправа за оставките на  министерот Филипче и на заменикот Хасани и тие да бидат  разрешени од функциите. Но, тогаш претседателот Џафери таа точка не ја стави на дневен ред на собраниската седница, бидејќи како што тогаш рече оставките сѐ уште не стасале во Парламентот и оттука нпратениците нема за што да рсаправаат,. По ова, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, а Џафери бидејќи немаше кворум ја прекина пленарката.

Поврзани содржини