Џафери: Ако се укинат патните трошоци за пратениците, функционерите во влада нека доаѓаат со тротинет
Доколку добие предлог од владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, претседателот на Собранието ќе достави предлог до пленумот за гласање. Но, вели Џафери, не очекува такво нешто, иако во јавноста некои пратеници најавуваа дека ќе се откажат од патните трошоци.
Според него, поединечно барање на пратеник или фунционер се коси со Уставот.
– Ако сакаат да доаѓаат со тротинет, ќе им обезбедам паркинг на пратениците, вели Џафери на брифинг со новинарите, додавајќи дека доколку функционерите сакаат да се откажат од службените возила нека одат на работа со тротинет.
Претседателот на Парламентот смета дека 120 пратеници се избрани од граѓаните и оти во јавноста се создава впечаток како пратениците да се злото од општеството и оти се лошо потекнува од Собранието и пратениците.
Тој се согласува со новинарите дека треба да се доуредат законските одредби за да се одбегне секаква можност за злоупотреби.