Претседателот на Собранието Талат Џафери на втората собраниска седница ја констатира оставката на сега експратеникот од ДУИ Фљорин Бесими.
Тој рече дека по добивањето на известувањето од Државната изборна комисија кој е следниот на листата на ДУИ за пратеници, ќе продолжи пленарната седница.
Фљорин Бесими поднесе оставка од функцијата пратеник откако Антикорупциската комисија предупреди дека има судир на интереси Ако Бесими за изборот на новата влда гласа брат му Фатмир Бесими да биде министер.