Џафери: 14 дена се доволни партиите да се договорат за избори
ој рече дека ваквата состојба не може да трае до недоглед.
Новите 14 дена вонредна состојба политичките лидери треба да ги искористат за да најдат консензус во однос на датумот за изборите , изјави претседателот на Собрание во заминување, Талат Џафери по седницата на Советот за безбедност.
Тој рече дека ваквата состојба не може да трае до недоглед.
– Мислам дека ова време за кое што ќе се продолжи вонредната состојба, ќе биде доволно дополнително време лидерите да го искористат за да изнајдат консензус за да одат на предвремени избори. Апелирам до лидерите ова време да го искористат за директна или индиректна комуникација, да смогнат сили и во интерес на граѓаните. Според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот – рече Џафери.