„АЕРОСМИТ“ ГО ОТКАЖА КОНЦЕРТОТ ВО ВЕГАС Тајлер го снајде мистериозна болест

222

Познатиот американски рок бенд „Аеросмит“ во последен момент го откажал настапот во Лас Вегас пред два дена бидејќи пејачот Стивен Тајлер не можел да настапи, а причината е „мистериозна“ болест, како што дознаваат американските медиуми.

„Со големо разочарување сме принудени да го откажеме вечерашното шоу бидејќи Стивен не се чувствува добро и не може да излезе на сцената“, преку социјалните мрежи бендот кусо ги информираше своите фанови.






Ако се подобри здравствената сосотојба на 74-годишниот Тајлер, не е исклучено концертот да се одржи следната недела.

Фронтменот на групата со години се бори со зависноста, а неколку пати бил на третмани за рехабилитација и детоксикација.

Поврзани содржини